Во оваа политика за заштита на лични податоци се објаснува како ги користиме вашите лични податоци генерирани на сајтот на А-Цони, www.aconi.mk. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката. Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени и се појавува на дното од страницата. Објавите во Политиката за заштита на лични податоци можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде евидентирана. Притоа, Ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе ја посетувате нашата веб страница со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на вашите лични податоци. Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
Забелешка: долунаведените објави во оваа Политика за заштита на лични податоци се однесуваат само за оваа веб страница. Доколку се поврзувате со други веб страници, потребно е да ги разгледате и прочитате Политиките за заштита на личните податоци објавени на истите.
ПРИБИРАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ
Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: Име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се исполни вашата побарана нарачка и да се изврши доставата. Овие информации ќе се користат единствено за цел исполнување на нарачките, како и да ве информираме за сите новости и промоции доколку ни дозволите. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во А-Цони се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста. Се обврзуваме дека собраните податоци нема да ги користиме за други цели ниту ќе ги проследуваме до трети лица.
ОБВРСКА ЗА ТАЈНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имаат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.
УПОТРЕБА НА ВЕБ СТРАНИЦАТА ОД СТРАНА НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА
Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. Веб продавницата на А-Цони никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот.
ОБЈАВА ЗА ПРОМЕНИ
Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни.
Последна промена: 11-2021.