Замената на производот може да ја направите во договор со нашето одговорно лице за продажба. Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.
Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме контактирајте нè на 070/360 – 801 или испратете емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата a.coni@t.mk заради понатамошни инструкции за процесирање на вашето барање.
Електронската продавница на А-Цони обезбедува враќање на производи единствено за производите кои се нарачани од www.aconi.mk, од нашата фејсбук или инстаграм продавница, под долу наведените услови:
- Доколку производот не е користен може да се замени во рок од 5 дена од пристигнувањето, заедно со приложената документација добиена при испораката. Во овој случај, Ве молимe да не информирате за Вашето барање преку нашиот e-mail a.coni@t.mk, наведувајќи ја причината за вараќањето на производот. Враќањето на производот е возможно само доколку производот не е користен! Доколку од нас производот е испратен во исправна состојба, а поради ваши лични причини сакате да го замените со друг, трошоците за испорака ги покривате вие.
Производот може да се врати во рок од 5 дена од денот на приемот на пратката со приложување на потврда за плаќање при што производот мора да бидe неупотребуван, неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување. Пакуваните производи се враќаат преку брза пошта, на свој трошок на следнава адреса:ул.Прашка 13/1/10 1000 Скопје, Р.Македонија
- Доколку по приемот на производот забележите видливи оштетувања на производот, истиот треба да го вратите назад и да нѐ исконтактирате на телефон +389 2 3217 345, наведувајќи го конкретниот проблем со производот. Ние ќе се потрудиме во најкраток можен рок неисправниот производ да ви биде заменет со нов, на наш трошок.
Електронската продавница на А-Цони има право да ја менува Политика за враќање на производи. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб–страницата www.aconi.mk. Нашата политика за враќање на производ е достапна на нашата веб страница. Ви препорачуваме при секоја посета на веб страницата да ги погледнете објавените измени од Политиката за враќање.
Во случај на поврат на средства, а без оглед на причината за враќање, А-Цони има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво преку банка. Банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.